Би пробале ли кафе од брокула?

- Advertisement -

Вкусното утринско кафе е редовен ритуал на најголем број луѓе во целиот свет и неопходно за успешен старт на денот за многумина. Додека мнозинството ќе се одлучат за обично турско кафе, нескафе или капучино, ние ви нудиме нешто сосема поинакво – кафе од брокули пишува DailyMail.

Брокулите се полни со антиоксиданси и многу Австралијци го консумираат овој зеленчук. Експертите веруваат дека додавањето на посебен прав од брокула во кафето ќе се подобри здравјето на луѓето. Правот направен од брокули кои не се „лични“ за продажба има за цел да го намали отпадот од зеленчук. 

- Advertisement -

Истражувањето што го направила компанијата CSIRO од Австралија открило дека дека 51% од Австралијците не јадат доволно зеленчук и овошје и се надеваат дека овој прав ќе придонесе тие да се хранат поздраво. Две лажици прав од брокули се еднакви на една порција зеленчук, велат од CSIRO.  

Едно кафуле во Мелбурн веќе почна да го користи право за нивните кафиња, а експертите од CSIRO велат дека право може да се користи на повеќе начини: смуди, печива, супи итн. Иако многумина не јадат брокули затоа што не им се вкусни, наводно овој прав не го менува вкусот на кафето. 

Сподели!
- Advertisement -