ИКЕА ќе престане да продава пластика за еднократна употреба

- Advertisement -

Шведскиот малопродажен гигант ИКЕА најави дека до 2020 година ќе престане да продава пластични производи за еднократна употреба, пишува N1.

Продажбата на ваквите производи ќе биде запрена во сите ИКЕА продавници ширум светот, а од компанијата изјавиле дека во иднина ќе произведуваат предмети кои можат да се преправат, препродадат или рециклираат.

Потегот на ИКЕА се надоврзува на најавата на ЕУ дека ќе забрани пластични производи за еднократна употреба како пластични сламки, хигиенски стапчиња за уши, држачи за балони и слично. Најавата е составен дел од планот на ИКЕА во иднина да користи исклучиво обновливи материјали во производството, како и материјали кои можат да се рециклираат. До 2025 година пак планираат целосно да ги елиминираат штетните гасови кои се испуштаат преку производството.

- Advertisement -

„Поради нашата големина и глобалниот досег, имаме можност да инспирираме повеќе од милијарда луѓе и да им овозможиме да живеат подобро во рамки на границите кои нашата планета може да ги поднесе.“, изјавил директорот на Inter Ikea Group, Торбјорн Луф.

За сега, докажано е дека најголемиот дел пластиката за еднократна употреба не може да се рециклира и завршува во океаните каде е потенцијална закана за морскиот свет, но и за луѓето.

Сподели!
- Advertisement -