Од денес летен саем на книга во Скопје Сити Мол

- Advertisement -

Од денес во Скопје Сити Мол започнува Летен саем на книга. Како што известуваат од Скопје Сити Мол, летниот саем на книга е во организација на трговскиот центар заедно со Здружението на издавачите и книжарите на Македонија.

На саемот ќе бидат понудени илјадници наслови од различни жанрови и автори кои се дел од понудата не неколку македонски издавачки куќи. Издавачките куќи кои ќе се претстават на саемот се Просветно дело, Матица, Детска радост, Нампрес, Икона, Магор, Бата Прес, Венеција и Логос – А.

Летниот саем на книга ќе трае до среда, 13 јуни, а ќе биде отворен во текот на работните часови на Скопје Сити Мол, од 10 до 22 часот.

Сподели!
- Advertisement -