Пет совети за безбедно користење на платежни картички додека сте на летување

- Advertisement -

Сезоната на летување и одмор е пред нас, а една од дилемите кои со себе ги носи планирањето патување е дали за плаќање да користиме кеш или платежна картичка. Сигурно користењето картички во странство ни дава поголема слобода, но предуслов за правилно и безбедно користење на картичките е благовремено информирање и придржување до советите

1. Добро информирајте се

Распрашајте се во својата банка кои картички се погодни за одреден тип плаќање. Треба да се има предвид дека употребата на картички е ограничена на дневно ниво – секоја банка одредува максимален лимит за картичките кои ги издава, а некои држави имаат свои лимити за подигнување готовина во текот на 24 часа. На пример, во Австрија таа сума е максимално 400 евра, а во некои земји и помалку.

- Advertisement -

2. Плаќајте директно со одредени видови платежни картички во хотели, ресторани, продавници – така избегнувате плаќање провизија за подигнување готовина на банкомат

При купувње во странство препорака е да плаќате со картички врзани за девизна сметка на POS терминал, затоа што за најголем дел од картичките нема провизија за директно плаќање. Доколку трговецот или банкоматот ви понудат конверзија на лице место, не треба да прифатите затоа што кусервите за ваква конверзија се неповолни.

- Advertisement -

3. Подигањето готовина на банкомат вклучува провизија, но секогаш е поповлно да користите дебитна наместо кредитна картичка

Ако ви треба готовина, подигнете ја на банкомат со дебитна, а не со кредитна картичка, затоа што провизиите за подигнување готовина со дебитна картичка се пониски. Доколку банката чија картичка ја користите е дел од меѓународна групација, можно е на банкоматите од групацијата да не платите провизија за подигнување пари.

- Advertisement -

4. Користете ја картичката на безбеден начин

Користењето на картичките секаде, па и во странство бара внимателност. При плаќање сметки во кафулиња и ресторано задолжително барајте плаќањето да се направи во ваше присуство. Од безбедносни причини, картичката не ја оставајте без личен надзор – трговецот нека ја употреби пред вас. Пинот не го носете заедно со картичката и немојте да го кажувате некому.

5. Чувајте ги фискалните сметки

Сметките кои ќе ги добиете при плаќање со картичка чувајте ги додека не биде прокнижена трансакцијата, односно додека не добиете месечен извод од банка. Во случај да забележите недоследност или неправилност на својата сметка, веднаш контактирајте ја банката.

Сподели!
- Advertisement -