Brake Free X е паметно светло за моторцикли

- Advertisement -

Brake Free е паметно ЛЕД светло кое се пали при кочење и ја подобрува видливоста на моторџиите. Се поставува на задниот дел на секоја обична кацига и со постојаното светење на ниво на очите на возачите на автомобили, моторџиите стануваат видливи и дење и ноќе.

Сензорите на светлото автоматски ги известуваат другите учесници во сообраќајот кога ја намалувате брзината, кога има моторно кочење или кога ја менувате брзината. Нема потреба за инсталација на жици или конектирање со апликација на телефон. Brake Free, едноставно, е попаметен начин да бидете позабележителни во сообраќајот.

- Advertisement -

Brake Free користи акцелерометар и жироскоп за автономно да детектира дали забавувате, без разлика на причината поради која ја намалувате брзината. Едноставно поставете го, вклучете го и можете побезбедно да возите.

Сподели!
- Advertisement -