Наградени младите иноватори од основните и средни училишта во Македонија

- Advertisement -

Млади иноватори од дванаесет основни и осум средни училишта денеска добија награда од четири милиони денари преку Фондот за иновации и технолошки развој. Тие, преку јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“, што беше отворен од ноември лани до февруари годинава, ги презентираа своите идеи преку проекти за изработка на дрон, хидрофонична градина, систем за детекција на гасови во воздухот во работни простории, фотоволтаична централа, стаклена градина, отпорност на градинарските култури на кисели дождови.

Најуспешните млади истражувачи денеска во Владата ги пречекаа премиерот Зоран Заев, министерот за образование и наука Арбр Адеми и директорот на Фондот Јован Деспотовски. Заев рече дека мотивирани млади луѓе се градители на стабилна и економски просперитетна иднина на секоја земја.

- Advertisement -

„Кретивното размислување кај децата и младите во образовниот процес е основа за развој на иновативноста. Истражувачкиот дух и мотивираноста на учениците за да дојдат до нови знаења и податоци треба да бидат постојано поттикнати во рамките на образовниот процес, но и од општеството и семејствата“, рече Заев.

- Advertisement -

Директоррот на Фондот, Деспотовски, најави дека во септември и октомври ќе биде отворен нов повик за млади истражувачи.

„Сакаме да поттикнеме креирање на креативен критички потенцијал кај најмладите и од најмладите утре, некој од оваа сала да биде тој што ќе ја прослави Македонија и ќе стане новиот Елон Маск или Џек Ма и ќе знаеме за него, ќе читаме во медиумите и ќе ја прослави Македонија“, изјави Деспотовски.

- Advertisement -

Тој информира дека на јавниот повик биле пријавени 98 училишта, со стотина проекти. Придвивената награда од 1,5 милиони денари за шест проекти била зголемена на 4,2 милиони и избрани се 20 најдобри проекти.

Извор: МИА

Сподели!
- Advertisement -