Starbucks ќе отвора нови кафетерии на секои 15 часа

- Advertisement -

Starbucks се повеќе се потпира на кинескиот пазар, кој е втор најголем и најбрзорастечки пазар, затоа што таму немаат вистинска конкуренција, а се предвидува дека во блиска индина ќе го надмине и американскиот пазар. Си поставија цел да го престигнат KFC и да станат најбрзорастечки прехранбен синџир во Кина, а тоа планираат да го постигнат со отворање нова кафетерија секои 15 часа до 2022 година. Планираат да имаат 6.000 кафетерии до крајот на 2022 година, а целта за 2021 година е да отворат 5.000 кафетерии.

Освен тоа, претходно овој месец потпишаа договор со Nestle SA вреден 7,2 милијарди долари, што би требало да им обезбеди доволно средства за достигнување на целите во Кина. Интересно е тоа што во 2017 година околу 15% од приходите на Starbucks или 3,2 милијарди долари дојдоа од Кина, Азија и Пацификот, пишува Poslovni Puls.

- Advertisement -

Со потпишување на тој договор на Nestle и Starbucks производите  од кафе ќе може да се најдат во кинески супермаркети, ресторани и угостителски објекти. Исто така, заедно планираат од кафе да направат одржлив земјоделски производ преку бројни истражување и развој и да им дадат поддршка на кинеските земјоделци.

Според податоци на Еuromonitor International, пазарот за готови пијалаци во Кина е проценет на околу 1,3 милијарди долари, додека Starbucks моментално држи 3,1%. Растот на трговскиот синџир за кафе годишно помага во Кина да се отворат 10.000 работни места. Starbucks таму се обидува да се истакне со големи плати и бонуси за вработените. Бидејќи во Кината децата често се грижат за постарите членови на семејството, Starbucks го покрива и здравственото осигурување за родителите на вработените.

Сподели!
- Advertisement -