Creative Hub го организираше настанот „Македонски маркетинг: The Future“

- Advertisement -

Минатиот петок, центарот за неформално образование Creative Hub Skopje, го одржа својот прв маркетинг настан на тема „Македонски Маркетинг: Иднината” во Хотел Парк. Настанот имаше двојна улога на едукација и завршна прослава на студентите од Академиите за Маркетинг и ПР и Академијата за Графички дизајн.

На присутните најпрво се обрати, основачот на Creative HubАријана Коскарова, која се заблагодари на поддршката од страна на „македонската маркетинг елита”, за овој настан, но и на целиот тим на Creative Hub кој за 9 месеци постоење успеа да направи подлога за реализација на еден ваков проект.

- Advertisement -

Настанот се одвиваше во  три блока, две панел дискусии и претставување на завршните портфолија на студентите од Академијата на Графички Дизајн кои работеа на ребрендирање на „Сквиз Ми“, и студентите од Академијата за Маркетинг и ПР кои работа на маркетинг стратегија за брендот  „Витаминка“.

Учесници во првиот панел „Иднината на Адвертајзингот“ беа Елеонора Ѓорѓева од Публицис, Филип Димитров од Њу Момент, Ира Стефанов Бабиќ од Бренд Унион и Ирина Маја од Меккен Скопје. Модераторот Радмила Павловска, успеа низ низа прашања како и вклучување на публиката да развие една дискусија за проблемите со кои се соочува македонскиот адвертајзинг односно недоволно вклучување на маркетинг истражувања, како и квалитетно селектирање и инвестирање во содржини на традиционалните и регулирање на дигиталните медиуми.

- Advertisement -

Во вториот панел “The Future of Content Creation” говорници беа Владимир Ристевски од Пиксел кој во своето 15 минутно обраќање елоквентно направи споредба на дигиталниот маркетинг во светот и во Македонија, Лила Филиповска зборуваше на тема „инфлуенсер маркетинг“ и како изгледа тоа како еден нов вид на професија во маркетингот, Сашка Чекаров од “VR-Port” прикажа примери на 3Д виртуелна реалност како еден нов вид на креирање содржини, а на истата тема говореше и Драган Захариев од “One Inside” кој приреди едно виртуелно искуство за присутните.

- Advertisement -

Creative Hub најави ќе продолжи со иновативни едукациски програми за идните професионалци во маркетинг и дизајн индустријата.

Сподели!
- Advertisement -