Кои се најчестите причини за опаѓање на косата кај жените?

- Advertisement -

Неоспорно е дека кога станува збор за опаѓање на косата, мажите почесто се соочуваат со овој проблем. Сепак, оваа состојба е присутна и кај жените, со тоа што кај нив има поголем број на причинители. Доколку и вие сте дел од жените кои повремено или постојано се соочуваат со ваков проблем, она што е најважно да го утврдите за почеток е:  што го причинува опаѓањето на косата кај вас?

Растењето на косата е процес, влакното расте, се менува и опаѓа. Ова е природен циклус на нештата, кој некогаш е прекинат, а причините за тоа може да бидат: болест, лекови, недостаток на витамини, силни фарби, кои потенцијално можат да го нарушат природниот процес на раснење на косата. Најчесто, кога станува збор за жените, опаѓањето на косата се случува малку подоцна во животот, но воопшто не е необично доколку се појави и многу порано. Причината може да постои некое време, но фактичкото опаѓање се случува многу подоцна (од неколку недели до шест месеци), затоа и не е толку едноставно да се утврди што го предизвикува опаѓањето.

Генетика

Исто како кај мажите и кај жените може да се случи опаѓањето на косата да е резултат на генетика. Запрашајте се, дали вашата мајка, баба се соочила со истиот проблем? Вообичаено, кога едно влакно опаѓа, истото е заменето од друго влакно со иста големина, но кај жените кои се соочуват со опаѓање што се должи на наследна генетика новото влакно е потенко.

- Advertisement -

Бременост

Пример за тоа како физичкиот стрес влијае врз опаѓањето на косата е токму бременоста. Бременоста е прекрасна, но воедно и стресна работа за телото. Додадете на тоа дека во овој период има и хормонални промени и сето тоа и тоа како може да влијае врз опаѓање на косата. Но, мора да се напомене дека самата бременост не влијае толку врз опаѓање на косата, колку што влијае самиот процес на породување (физички стрес). Токму затоа, многу жени согледуваат дека косата им опаѓа после породувањето.

Медицинска состојба

Постојат неколку медицински состојби кои се сметаат за причинител за опаѓање на косата. Во нив се вбројуваат: анемија (односно недостаток на железо), хипотироидизам (намалена функција на тироидната жлезда), автоимуна болест, полицистични јајници, хормонални нарушувања, како и болести на кожата каква што е псоријаза.

- Advertisement -

Како причинител се јавува и стресот (емотивен или физички). Ситуации како што се развод, отказ, стрес на работа исто така имаат придонес кон опаѓање на косата.

- Advertisement -

Агресивни третмани

Често бојадисување, фенирање, фризури што го оштетуваат влакното исто така се чест причинител. За среќа, ова е состојба што може да се третира и всушност, можете лесно да утврдите дали премногу често ја изложувате косата на третмани што ѝ штетат.

Решението за проблемот

Покрај утврдувањето на причинителот на проблемот, важно е и да одберете правилно решение. Линијата ПАРУСАН во која се наоѓаат стимулирачки шампон и енергетски тоник, ќе ви помогне повторно да имате силна и здрава коса. Овие производи ја стимулираат циркулацијата на кожата на главата, како и внесувањето на хранливи материи на кожата на главата и го запираат опаѓањето на косата. За подобар ефект, се препорачува нивна комбинирана употреба. По тримесечен третман има значително повеќе фоликули во фазата на раст што позитивно се одразува на густината на косата.

Колку време е потребно за да се почувствува ефектот?

Опаѓањето на косата вообичаено не се случува преку ноќ (потребно е време, најчесто тоа е процес чии последици најмногу се чувствуваат после 3-6 месеци). Бидејќи опаѓањето е долготраен процес и самиот процес на поправање на состојбата трае подолго. Добрата вест е што при дифузно опаѓање (кога косата рамномерно опаѓа на целата глава) процесот е реверзибилен – доколку ја третирате причината, опаѓањето вообичаено престанува. Со користењето на линијата ПАРУСАН веќе по три месеци редовна употреба, ќе почувствувате позитивни резултати.

ПАРУСАН го стимулира растот на косата и го јакне влакното до самиот корен! Производите од линијата се достапни во сите аптеки.

Сподели!
- Advertisement -