Во Босна и Херцеговина, со седиште во градот Тузла, се отвори компанијата Virgin Pulse, која е дел од групацијата Virgin на Ричард Бренсон.
Како што пренесува босанскиот портал Biznis Info, како основач на компанијата Virgin Pulse во Тузла се води Virgin Pulse US.
Virgin Pulse дизајнира технологија чија цел е унапредување на здравите навики на работниците во различни компании со цел да се зголеми нивната продуктивност во работата и да се подобри вкупниот резултат од работењето на компанијата.
Virgin Pulse соработува со големи светски компании како Coca-Cola, Siemens, HP, UBS Bank, Bank of America, Aetna, SAP, Cummins, UniCredit Group, Scandia, Nestle, Thomson Reuters и многу други.
Пред да ја отвори Virgin Pulse во Тузла, Бренсон ја презеде босанската компанија Piksel Interactive со околу 100 вработени, кои главно се млади и висококвалификувани луѓе во технолошкиот сегмент. Босанските медиуми деновиве јавуваат дека стартувањето со работа на оваа компанија им отвора можности на младите во Тузла и регионот да работат за светски гигант.