Русија направи џиновски ласер со кој ќе уништува вселенски отпад

- Advertisement -

Русија направи ласерски топ кoј може да таргетира и да уништува предмети во вселената. Огромното оружjе ќe има големина на телескоп. Од Русија ги потврдија наводите дека прават ласерски топ со кој ќе се уништи секаков отпад кој претставува опасност по вселенските бродови. Сепак, и покрај уверувањето дека со овој ласерски топ ќе се уништува само вселенскиот отпад, експертите стравуваат дека топот ќе стане дел од арсеналот на рускиот претседател, Владимир Путин, пишува DailyMail.

Истражуваќи кои работат во рускиот еквивалент на НАСА, Roscosmos, веќе почнале со работа на ласерот. Тие сакаат да го претворат телескопот Altay Optical-Laser Centre (AOLTs), кој наскоро ќе биде изграден во близина на Савушка (околу 70 км до границата со Казахстан) во ласерски топ. Се очекува уредот да работи со помош на генератор, иако не е познато каков модел ќе биде.

- Advertisement -

Според извештаите, научниците се надеваат дека во топот ќе можат да постават систем за оптичка детекција, кој ќе вклучува солиден ласер. Се очекува оружјето да може со помош на ласерска аблација да го „испари“ отпадот во вселената на тој начин што зрак светлина ќе се фокусира на некоја површина и ќе отстрани некој материјал, како на пример, водата. Ласерската аблација генерира многу голема топлина која предизвикува некои предмети да испаруваат или да ги трансформира во плазма.

- Advertisement -

Според Мрежата за надзор на вселената на САД, во космосот има повеќе од 21.000 предмети поголеми од 10 см кои орбитираат околу Земјата. Тука спаѓаат оставени делови кои се ослободуваат при лансирање ракети и други остатоци од минати мисии во вселената, како и нефункционални бродови и фрагментирани делови. Научниците од Roscosmos велат дека доколку наскоро не се справиме со вселенскиот отпад, може да се пренатрупа орбитата на Земјата и да биде речиси невозможно да се лансира нешто во наредните два века.

Сподели!
- Advertisement -