Холандски град постави посебни улични светилки за да им помогне на лилјаците

- Advertisement -

Пред една година Philips Lighting (сега Signify) ги објави резултатите од студија која покажа дека црвените ЛЕД светилки ClearField не им го попречуваат движењето на лилјаците, за разлика од традиционалните светилки. Сега холандскиот град Зедхок Ниокооп е прв во светот коj ќе го користи новиот систем на Philips.

Многу видови лилјаци се навикнати да живеат во речиси тотален мрак и како резултат на тоа бегаат од белите ЛЕД светилки и жолтеникавите улични светла. Бидејќи градовите се преполни со вакви светла, многу е ограничена територијата каде што можат да ловат овие животни на ноќта. Освен тоа, инсектите со кои се хранат лилјаците се привлечени од светилките, каде што не сакаат да одат лилјаците, пишува New Atlas.

- Advertisement -

Имајќи го тоа на ум, од Philips направија експерименти минатата година и поставија црвени, зелени и бели ЛЕД светилки во природа каде што инаку немало никакво осветлување. Црвените светилки се базираат на новата технологија ClearField и се направени во соработка со Универзитетот Вагенинген во Холандија и други невладини организации.

Компанијата откри дека лилјаците ги избегнуваат зелените и белите сетилки, но не им пречат црвените светилки. Според Signify, тоа е така затоа што тие светилки користат посебна светлина која лилјаците ја восприемаат како темница, а сепак обезбедуваат доволно осветлување за жителите. Градот Зедхок Ниокооп е познат како место каде што живеат ретки видови лилјаци, а сега ги постави црвените светилки во една населба со 89 домаќинства.

Сподели!
- Advertisement -