Наместо клучеви и телефони, во иднина вратите ќе ги отвораме со паметен накит

- Advertisement -

Саемот Computex 2018 во Азија неодамна прикажа паметен накит наспрема кој вашата бразлетна Fitbit изгледа како играчка. Накитот е блескав и декориран со скапоцени камења, а сетот е составен од прстен и ѓердан кои го носат името Smart Xring и Smart Necklace. И двете парчиња накит се опремени со RFID чип, кој може да отвора паметни брави, пишува PSFK.

Овој последен високотехнолошки дизајн е предзнак за тоа што следува во иднина – никогаш повеќе нема да се најдеме во ситуација да се заклучиме себеси надвор од дома или да не можеме да влеземе во канцеларија затоа што сме го заборавиле клучот. Уште повеќе, минато се деновите кога ги криевме клучевите под чергичка, под некоја саксија. Сега клучот до бравите ќе го носиме на себе, а никој нема да забележи.

- Advertisement -

И прстенот и ѓерданот имаат ЛЕД светла и испраќаат нотификации до телефон, додека ѓерданот има и бонус функција – прска парфем кога ви ѕвони телефонот. Се досега консументите мораа да носат накит кој имаше само естетска цел, а немаше никаква функција или да носат паметен накит кој е многу функционален, а вопшто не изгледа привлечно. Со овие парчиња корисниците добиваат две во едно – ем естетика ем функционалност.

Сподели!
- Advertisement -