Оваа перница е специјално дизајнирана за луѓе што носат очила

- Advertisement -

Сите што мора да носат очила знаат каква мака имаат кога сакаат да лежат и да читаат книга или да читаат на таблет. Секогаш кога ќе се обидат да легнат на страна очилата се подигаат, се свиткуваат или паѓаат. Можеби дури и ве притискаат на слепоочница или на врвот на носот. Креаторите на оваа перница ги имале предвид сите тие проблеми кога го дизајнирале ова брилијантно решение. 

Несекојдневната форма на перницата LaySeePillow овозможува очилата нормално да стојат на лицето. Флексибилниот материјал ја задржува оригиналната форма и кога ќе ја ставите главата на перница и ви овозможува да се фокусирате на читањето или гледањето телевизија.

- Advertisement -

Перницата не се препорачува за спиење, но со оглед на тоа колку е тешко да се лежи со очила на обичните перници, нема да биде чудно да почувствувате потреба да си ја одморите главата додека читате, пишува AwesomeStuff 365.

Сподели!
- Advertisement -