Организациите за поддршка на стартапи во Македонија се фокусираат на едукација на стартапи наместо на градење компании

- Advertisement -

Поддршка во продажба е приоритет за 75% од стартапите во Македонија. Но, само 35% од организациите за поддршка на стартапи нудат ваков тип на поддршка во продажба. Ова е една од клучните поенти извлечени од анализата која ја направи Стартап Македонија со поддршка од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем со цел да се мапираат потребите и недостатоците на стартап екосистемот во Македонија

Целта на истражувањето меѓу другото била и како да се надминат предизвиците и да се најдат можности за подобрување на соработката меѓу стартапите и организациите за поддршка на стартапите. Истражувањето покажа дека постои голем јаз помеѓу она што организациите за поддршка на стартапи го нудат и она што самите стартапи го детектирале дека им е потребно за да се подобрат и да успеат.

„Стартап поддршката во Македонија започнува со стартап едукација на потенцијални основачи и претприемачи. И тука е најголемиот фокус на организациите, донаторите и институциите – како да се едуцираат луѓето за стартап светот и релевантните принципи како lean startup. Затоа и повеќето тренинзи и програми се изградени околу стартап едукација.

- Advertisement -

Но, таа едукација завршува со презентација во форма на демо, Pitch, или прв прототип. Во моментот кога стартапите ќе излезат на пазар со нивниот прв продукт тогаш влегуваат во немилосрдна арена каде само едукацијата не е доволна – искуството, желбата, претприемачкиот дух, условите на пазарот, менаџментот на ресурси кои ги имаат како стартап (талент, но без пари) – тие стануваат поважни. Овде е вклучена и поддршката во продажба за која дури 75% од македонските стартапи велат дека им фали. Без поддршка нема приходи, без приходи немаат шанси да опстојат, а камоли да растат“, вели Виктор Дано, ко-основач на Стартап Македонија и еден од авторите на анализата.

Истражувањето открило дека организациите за поддршка на стартапи имаат потешкотии во комуникацијата со стартапите, како и потешкотии со адаптирање на нивните услуги според она што се јавува како побарувачка. Од Стартап Македонија сметаат дека овие организации не ги менуваат програмите бидејќи нивната работа е тесно поврзана со она што го налагаат донаторите, што значи дека кај донаторите лежи и дел од одговорноста за создавањето на јазот меѓу понудата и побарачувачката во екосистемот.

- Advertisement -

„Можеби фали таа поддршка затоа што фокусот е ставен на едукација, а не на градење на компании. Ако стартапите кои се тренираат направат концепт за продукт, тоа во едукациски рамки се гледа како на доволен труд – верификација на наученото!

Но, тоа е погрешно. Можеби им треба едукација и на самите организации и институции дека демо или прототип не е крајниот резултат, туку дека развојот u успехот на стратапите треба да се мери според зголемување на приходи и ширење на тимот, освојување на нови пазари – да разберат дека стартапите се иновативни продукти кои можат да израснат во компании што можат да поместат цели индустрии. И дека таквата поддршка треба ние – како екосистем – заеднички да го обезбедиме и изградиме.“, заклучува Дано.

- Advertisement -
Графикон кој покажува дека македонските стартапи пропаѓаат во периодот кога треба да почнат да го продаваат производот.

Некои од стартап организациите кои функционираат во Македонија се Social Innovation Hub, Organization for Social Innovation “ARNO”, South Central Ventures, SEEU Tech Park Tetovo, Macedonia2025, City of Skopje innovation Center – SkopjeLab, Seavus Educational Centar, Фонд за иновации и технолошки развој, Swiss EP, CEED Hub и многу други од кои 90% одговориле дека услугите кои тие им ги нудат на стартапите се менторирање и тренинзи. Дека е време да ги адаптираат своите услуги, според Стартап Македонија, сведочи и фактот дека иако постојат најмногу до сега организации за поддршка на стартапи, денес имаме помалку нови стартапи во Македонија отколку пред пет години.

Препораките од истражувањето се дека организациите за поддршка на стартапи треба да создадат услуги и поддршка според потребите на стартапите што понатаму ќе резултира со успешни стартап приказни кои ќе послужат како одличен пример врз чија основа ќе се создаваат уште повеќе стартапи.

Сподели!
- Advertisement -