Макпетрол промовираше нови горива, Ultra Diesel Green Power и Ultra Diesel Bio Power

- Advertisement -

Макпетрол, како резултат на подолг период на континуирано инвестирање во развој на нови технологии и производи што ќе овозможат повисок квалитет и подобри перформанси за потрошувачите, но истовремено во најголема можна мерка ќе ја заштитат природата, минатата недела промовираше две нови горива: Ultra Diesel Green Power и Ultra Diesel Bio Power.

„Циклусот на инвестиции во нашите капацитети и производи е континуиран, а во изминатите неколку години и значајно зголемен, свесни за одговорноста која како компанија ја имаме пред нашите верни потрошувачи, но и кон општеството како целост. Можеме нескромно и без задршки да се пофалиме со неколку капитални проекти како што се новите бензински станици во Скопје и Тетово и надградените веќе постојни бензински станици меѓу кои и најголемата во Гевгелија, пред граничниот премин со Грција. Исто така, претставуваме уште еден успешен проект за ULTRA горива, новите Ultra Diesel Green Power и Ultra Diesel Bio Power“, изјавил Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба во Макпетрол.

- Advertisement -

Според него, новото премиум гориво на Макпетрол Ultra Diesel Green Power е надградба на досегашното Ultra Diesel Power Jet гориво. Како и досега тоа е кристално чист еуродизел добиен преку процес на филтрирање на дизел горивото преку филтри што се користат за филтрирање на авиогоривата, во комбинација со нови, најсовремени адитиви. Тие обезбедуваат многу поефикасно согорување што значи зголемена моќност, намалена потрошувачка и намалена емисија на штетни издувни гасови.

Горивото Ultra Diesel Bio Power е предводник во поглед на заштитата на животната средина. Со развојот на ова гориво, Макпетрол го направи следниот чекор во примената на светските трендови и на пазарот со нафта и нафтени деривати нуди уште едно современо дизел гориво од кое подеднаква корист имаат животната средина и возачите. Ultra Diesel Bio Power содржи 6% дизел гориво од висококвалитетно растително масло додека останатите 94% ги сочинува горивото Ultra Diesel Green Power.

- Advertisement -

- Advertisement -

Според Макпетрол, придобивките од овие горива се овозможени со користење на адитиви што содржат компоненти кои го зголемуваат цетанскиот број како една од најважните карактеристики на дизел горивата. Дизел горивата со повисок цетански број горат многу поефикасно што само по себе значи зголемена моќност, намалена потрошувачка и намалена емисија на штетни издувни гасови.

Сподели!
- Advertisement -