Македонски пошти промовираше поштенска марка посветена на Коста Солев Рацин

- Advertisement -

На 14 јуни во склоп на Рациновите средби во Велес, беше промовирана поштенска марка посветена на 75 годишнината од смртта на Коста Рацин. Промовирајќи ја поштенската марка, директорот на Центарот за информатичка технологија Данчо Стојановски истакна:  „Богатата творечка природа, која извира од неговото перо, преточена е во поштенска марка, која исто како и неговиот пишан збор претставува мост за меѓусебна комуникација и за полесно премостување на далечините.“

Тој уште додаде дека поштенските марки, како и пишаниот збор претставуваат моќно средство за пренесување на пораки, на кои е претставена богатата творечка природа, која извира од корените на животот, вдахновена од богатата традиција на нашите претци.

- Advertisement -

„Поштенската марка претставува нераскинлив дел од историјата и културата на секој народ. И, со право, ова мало парче хартија  во себе ги содржи сите компоненти на совршена уметност.“ заклучи во своето обраќање Стојановски.

Автор на поштенската марка е Лариса Живковска Донев, издадена е во тираж од 6000 примероци, а нејзината номинална вредност е 18 ден.

Сподели!
- Advertisement -