Нов Зеланд воведува данок за туристите затоа што ги има премногу

- Advertisement -

Лабуристичката влада на Нов Зеланд планира да воведе данок за доаѓање на туристите за да обезбеди пари за инфраструктурата која е оптеретена поради се поголемиот број посетители, пишува Bizlife.

Од 2015 година досега бројот на туристи се зголеми за една третина. Данокот ќе изнесува 35 новозеландски долари по лице, односно 24,40 американски долари, а ќе се наплатува од средината на идната година при добивањето виза за оваа земја.

- Advertisement -

Владата проценува дека по тој основ државната каса ќе се наполни со 40 до 56 милиони долари. Од данокот ќе бидат ослободени туристите од Австралија, кои се најчести странски гости во Нов Зеланд.

Сподели!
- Advertisement -