Паркирањето на јахта или чамец во едно преполно пристаниште за голем дел од морепловците е еден од најголемите предизвици затоа што постојат многу работи кои може да тргнат во погрешен правец. Подружницата на компанијата Volvo под називот Volvo Penta ја направи првата јахта во светот која има систем за автономно паркирање, што значи дека може да застане и на места каде што тешко би се одлучиле да влезат и најискусните морнари, пишува Vidi.hr.
Поради законски и безбедносни причини јахтата уште има потреба од човечки надзор. Тоа значи дека во кабината седи човек, кој, во принцип, не е потребен поради автономниот систем за паркирање, кој е подобар и од морнарите и капетаните.
Веруваме дека овој паметен автопилот може да спречи многу поморски незреќи, особено кога станува збор за бродови и јахти на луѓе кои сакаат и да се забавуваат додека возат.