До крајот на јуни ќе заврши инсталацијата за електронска наплата на патарините

- Advertisement -

До крајот на месецов се очекува да заврши инсталирањето на електронскиот систем за наплата на патарините, најави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

Со тоа ќе се обезбеди современ и ефикасен начин на наплата на патарините и побрз проток на возилата. Наплатата ќе се врши со картички во пост пејд и при пејд варијанта.

- Advertisement -

Во делот на патната инфраструктура, надлежните најавуваат градежна офанзива на патиштата низ државата особено во август и септември со што се очекува и зголемување на Бруто домашниот производ во третиот и четвртиот квартал.

Паралелно се работи и на железничката инфраструктура. Интензивирани се активностите на првата делница од железничката пруга од Куманово до бугарска граница, се очекува тендерирање на делницата од Бељаковце до Крива Паланка, а направена е и проектната документација од Крива Паланка до бугарска граница.

- Advertisement -

За железничката линија од Кичево до Лин направена е проектната документација и се разговара за обезбедување на финансиски средства. Според направените пресметки се работи за скап проект кој би чинел околу 520 милиони евра. До крајот на годината се очекува да биде завршена и делницата од Битола до Кремени.

Сподели!
- Advertisement -