Германска компанија гради фабрика за електрични возила во Србија

- Advertisement -

Германската компанија ZF Friedrichshafen вчера во Панчево, Србија, започна со изградба на фабрика за производство на погонски систем за електрични возила.

Како што пренесува BiznisInfo.ba, инвестицијата ќе биде околу 160 милиони евра, а планирано е да се вработат до 1.000 луѓе.

- Advertisement -

Првата фаза од инвестицијата треба да се реализира до 2021 година и опфаќа изградба на објект со површина од 25.000 квадратни метри на 10,8 хектари земјиште и отворање на 540 работни места. Во втората фаза до крајот на 2022 година постоечкиот локалитет би бил проширен и планирано е да се изгради уште еден од 25.000 квадратни метри.

Компанијата ZF вработува околу 140.000 луѓе во 230 фабрики низ 40 различни земји, со тоа што минатата година имала приходи од 36,4 милијарди евра. Според властите во Србија, ова е една од најголемите инвестиции во државата, која ќе придонесе за развој на целиот регион околу Панчево.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -