Google одлучи да тргне по стапките на Facebook, па по објавите дека администраторите на групи на социјалната мрежа ќе можат да наплаќаат членарина, Google се одлучи слично да направи и со својот YouTube.
Авторите кои на овој сервис заработуваат од своите видеосодржини додека мораа да се потпираат на прикажување огласи и монетизација на видеата кои ги нуди YouTube, меѓутоа отсега ќе можат да дојдат до дополнителна заработка и преку самиот YouTube, пренесува Bizlife. Имено, оваа мрежа ќе воведе нов начин на финансирање на авторите, кои повеќе нема да зависат од огласувачите.
Сопствениците на канали во иднина ќе создаваат свои премиум содржини и ќе го наплаќаат пристапот до своите канали. Месечната претплата би требало да биде 4,99 долари, а за неа гледачите ќе добиваат ексклузивни содржини – од вообичаени видеа, преку преноси во живо, па се до емотикони, стикери и слични дигитални ситници.
Се зголеми бројот на авторите кои во последните месеци ја тестираа оваа опција, па од YouTube се надеваат дека и многу други ќе бидат задоволни со новиот начин на заработка. Од наплатените износи за авторите ќе одат 70%, додека провизијата за YouTube ќе изнесува 30%.
Освен тоа, креаторите на содржини за платформата ќе можат и да продаваат разни промотивни материјали како персонализирани маски за мобилни телефони, чаши и слично. Засега ова ќе биде достапно само за американските автори.