И YouTube ќе почне да ги наплаќа своите содржини

- Advertisement -

Google одлучи да тргне по стапките на Facebook, па по објавите дека администраторите на групи на социјалната мрежа ќе можат да наплаќаат членарина, Google се одлучи слично да направи и со својот YouTube.

Авторите кои на овој сервис заработуваат од своите видеосодржини додека мораа да се потпираат на прикажување огласи и монетизација на видеата кои ги нуди YouTube, меѓутоа отсега ќе можат да дојдат до дополнителна заработка и преку самиот YouTube, пренесува Bizlife. Имено, оваа мрежа ќе воведе нов начин на финансирање на авторите, кои повеќе нема да зависат од огласувачите.

- Advertisement -

Сопствениците на канали во иднина ќе создаваат свои премиум содржини и ќе го наплаќаат пристапот до своите канали. Месечната претплата би требало да биде 4,99 долари, а за неа гледачите ќе добиваат ексклузивни содржини – од вообичаени видеа, преку преноси во живо, па се до емотикони, стикери и слични дигитални ситници.

Се зголеми бројот на авторите кои во последните месеци ја тестираа оваа опција, па од YouTube се надеваат дека и многу други ќе бидат задоволни со новиот начин на заработка. Од наплатените износи за авторите ќе одат 70%, додека провизијата за YouTube ќе изнесува 30%.

- Advertisement -

Освен тоа, креаторите на содржини за платформата ќе можат и да продаваат разни промотивни материјали како персонализирани маски за мобилни телефони, чаши и слично. Засега ова ќе биде достапно само за американските автори.

Сподели!
- Advertisement -