Наместо сандали или влечки, годинава на плажа можете да носите лепенки

- Advertisement -

Овие лепенки ви овозможуваат да одите, да трчате, да скокате и сето тоа да го правите тотално – боси. Nakefit се лепенки кои ви овозможуваат слободно да се движите по каква било површина без да ги оштетите или повредите стапалата.

Лепенките Nakefit се водоотпорни, хипоалергенски и воопшто не се лизгаат. Исто така, ви ги штитат стапалата од изгореници од песокот. За да ги поставите на нозете едноставно одлепете ја хартијата која е залепена на нив и поставете ги на стапалата. Кога ќе сакате да ги „собуете“ треба само да повлечете и тие веднаш ќе се одлепат.

- Advertisement -

Лепенките ги има во сина, црна и розева боја, а  доаѓааво различни величини за деца (27-35 бр.), жени (35-41 бр.) и мажи (39-47 бр.). Од Nakefit само што го најавија лансирањето на производот и стартот на дистрибуцијата.

Сподели!
- Advertisement -