Fairphone е првиот модуларен паметен телефон во светот кој сами го надградувате и поправате

- Advertisement -

Доколку имате iPhone стар 2 години вие веќе сте назад со времето зашто наскоро Apple може да направи надградба за iOS и можеби нема да можете да го користите. А да не ни зборуваме за поплаките од луѓе кои се обиделе да поправат iPhone.

Тоа ни оддалеку не е случај со Fairphone. Тоа е првиот етички, модуларен паметен телефон кој поставува високи стандарди за одговрна електроника која лесно се поправа. Најновиот модел Fairphone 2 нема само провидно куќиште, туку кај него се е транспарентно – од тоа од што е направен до каде одат парите кои ги плаќате за него.

- Advertisement -

Fairphone 2 е во продажба од 2016 година, но бидејќи е модуларен, деловите му се надградуваат и сега има камера од 12MP со дупли флеш. Дизајниран е за лесно да се поправа со модули кои само се заменуваат. Доколку имате стар модул, сами можете да ја надградите камерата со нов, пишува TreeHugger.

Тие што го користат велат дека овој телефон е апел за будење на целата индустрија бидејќи е дизајниран да трае, лесно да се поправа и да нема потреба да купувате нов телефон со години затоа што сами го надградувате.

- Advertisement -

Потрошувачката електроника честопати се смета за потрошен материјал кој треба да се замени со нов кога ќе се појави нешто подобро, Пазарниот тренд моментално диктира еден телефон да не може да се користи повеќе пд 18 месеци, а тоа резултира со уште поголемо загадување на околината.

Токму затоа креаторите нa, Fairphone 2 се фокусираат на сите деови од телефонот лесно да се поправаат или заменуваат за нови, користат отворен софтвер и го минимизираат импактот врз животната средина. Исто така, користат помалку токсични и опасни материјали.

Сподели!
- Advertisement -