- Advertisement -
Под насловот „Нов бран“ беше одржана годишната модна ревија на студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Студентите се претставија со неколку дизајнирани парчиња облека изработена под менторство на професорката и дијзанерка Лидија Георгиева.
Дизајните на студентите се инспирирани од француската кинематографија во периодот помеѓу 50-тите и 60-тите години на минатиот век.
- Advertisement -