Пуштена во употреба Националната платформа за онлајн учење

- Advertisement -

Веб страницата на Национална платформа за онлајн учење од полноќ стана достапна за корисниците. На платформата веќе се поставени видео упатства и прирачници, но и содржини кои се наменети да ги упатат корисниците во користење на платформата.

„Со цел да се запознаат со нејзините функционалности пред стартот на учебната година, ги повикуваме учениците и родителите, да ја посетат платформата викендов. Во овој значаен процес важна е силна и партнерска соработка на сите нивоа и секој ден ни е важен за успешно започнување на онлајн наставата“, нагласуваат од МОН.

- Advertisement -

Од Министерството за образование и наука ги повикуваат училиштата да ги достават корисничките лозинки на учениците, бидејќи за неколку дена е официјалниот старт на учебната година.

Оттаму апелираат локалните самоуправи и градоначалноците максимално да се посветат на обезбедување услови за непречен старт на учебната година во училиштата, без разлика дали станува збор за физичко присуство, или за учење од далечина.

Сподели!
- Advertisement -