Ова се топ пет најдобро платени професии во Македонија

- Advertisement -

Државниот завод за статистика ги објави податоците за најдобро платените професии и работни места во Македонија. Од податоците може да се види дека платите општо во Македонија се покачиле за 5,6% во последните година дена. Но, зголемувањето на платите нормално е проследено со пораст на цените. Индексот на трошоците на животот во мај 2018 година во споредба со мај 2017 година забележа пораст од 1,7 %, а индексот на цените на мало забележа пораст за 3,1 %.

Највисоки месечни примања имаат вработените во секторот за компјутерско програмирање со плата која изнесува 60.656 денари, односно конечно имаме сектор во кој платата се приближува до поевропски стандард од 1.000 евра.

- Advertisement -

На второ место се вработените во секторот воздухопловен транспорт, кои имаат плата од 52.058 денари. Трети на листата се вработените во секторот за производство на основни фармацевтски препарати со плата од 43.368 денари.

Пласирани на четвртото место се вработените во секторот на телекомуникации со плата од 42.313 денари и на крајот, односно петти, се финансиско-услужните дејности со плати од 41.367 денари.

Сподели!
- Advertisement -