Шведска е земја со најдобра репутација во светот

- Advertisement -

Излезе овогодишниот извештај Country RepTrak, кој ја мери репутацијата на државите во светот според неколку фактори и кој излегува од 2008 година наваму.

Според истражувачите од Reputation Institute, институтот кој го издава извештајот, во последните 18 до 24 месеци светот се соочува со големи промени, поради што кај сите држави репутацијата е опадната во просек за еден поен. Ваквата ситуација е бидејќи луѓето низ светот се чувствуваат несигурни поради геополитичките тензии, национализмот и општествениот немир.

- Advertisement -

Најголем фактор за репутацијата на државите е финансиската стабилност, а други клучни фактори се и природните убавини, пријателски расположените граѓани и етичките политики. Нов тренд кој бил забележан од истражувачите е алтруистичката среќа, односно можноста која државите му ја нудат на поединецот да го прави тоа што го исполнува. Овој тренд е особено забележан во Шведска.

Шведска е рангирана како држава со најголема репутација во светот и поради високите оцени во други фактори како екологијата и заштитата на средината, што се должи на еколошките политики кои државата ги имплементира веќе со децении, почнувајќи уште во 1967 година кога стана првата држава во светот која формираше агенција за заштита на средината. Оттогаш еколошкото живеење е еден од најголемите приоритети во Шведска, каде што се рециклира 99% од отпадот, а 52% од енергијата доаѓа од обновливи извори.

- Advertisement -

Други фактори во кои Шведска покажала добри резултати се гостопримливоста поради политиките на отвореност за мигрантите од Сирија, како и толеранцијата кон LGBT заедницата. Овде е и родовата еднаквост и намалувањето на јазот во платите меѓу мажите и жените.

Според истражувачите, 29 држави чија репутација бргу паѓа треба да научат нешто од Шведска, а како пример ја споменаа Русија, која оваа година паднала на 52. позиција.

- Advertisement -

Еве ги првите десет рангирани држави според репутацијата.

10. Холандија со 76,7 поени

9. Данска со 77,7 поени

8. Јапонија со 77,9 поени

7. Канада со 79,2 поени

6. Австралија со 79,6 поени

5. Нов Зеланд со 79,7 поени

4. Норвешка со 81,1 поен

3. Швајцарија со 81,3 поени

2. Финска со 81,6 поени

1. Шведска со 81,7 поени

Сподели!
- Advertisement -