Агенцијата New Moment освои Златен лав на Канскиот фестивал

- Advertisement -

Проектот на регионалната агенција New Moment се издвои во конкуренција од 32.000 кампањи од 90 земји и 26 категории, освојувајќи 2 лавови во првите три фестивалски денови.

Синоќа се доделени наградите во уште 7 категории на фестивалот Cannes Lions, а агенцијата New Moment освои и Златен лав за продолжението на проектот „The One” во категоријата Industry Craft.

- Advertisement -

„Вечерва го освоивме јубилејот, десетти лав. Многу сме горди на целиот тим, на сите наши соработници од New Moment и Y&R Дубаи и му благодарам на Меѓуверскиот Совет во БиХ за нивната доверба”, изјави Жарко Сакан, извршен директор на New Moment New Ideas Company.

Претходно, New Moment за истиот проект освои и бронзено признание во една од најважните фестивалски категории –Принт.

Сподели!
- Advertisement -