По забраната на пластичните, Велика Британија ќе отвора фабрика за хартиени сламки

- Advertisement -

Пластиката за еднократна употреба постепено се забранува во целиот свет, а Велика Британија се приклучува на бранот. Неколку компании гиганти од индустријата за амбалажа, планираат да отворат сопствени фабрика за хартиени сламки во Велс. Тие ќе произведуваат стотици милиони сламки годишно и ќе снабдуваат гиганти како што е McDonald’s, кои ќе мора да бараат решение кога ќе стапи на сила забраната за пластичните сламки, пишува GreenMatters.

Забележавме шанса и ја искористивме. Кога се појави кампањата на BBC и Blue Planet II, владата почна да зборува за опасноста од пластичните сламки, а ние видовме дека се отвори нова ниша на пазарот“ велат британските компании. Видеото за кампањата се појави во 2017 година и ја прикажа реалната слика – кит плаче над своето мртво бебе, кое умрело поради изложеност на хемикалии од пластиката. Тоа беше брутален потсетник за тоа што му прави нашата пластика на морскиот свет.

- Advertisement -

Сега повеќе бизниси во светот презедоа иницијатива да ја исфрлат пластиката од употреба. Компаниите го изразија нивниот интерес да користат биоразградлива хартија, но каде да ја набават? „Одлично е тоа што многу бизниси ја забрануваат пластиката, но проблемот е што кога ќе забранат, им треба друга алтернатива. Секој ќе мора да увезува од Кина, а кога ќе видите колкваво загадување предизвикува транспортот од Кина, нема поента забраната на пластиката“ додаваат британските компании.

- Advertisement -

Новата фабрика Transcend Packaging веројатно ќе биде единствената фабрика за производство на хартиени сламки во Европа. Сламките ќе се произведуваат во Велика Британија, а ќе бидат направени од биоразградлива хартија. McDonald’s веќе потпиша договор за набавка на такви сламки почнувајќи од септември годинава. Компанијата секојдневно користи околу 1,8 милиони сламки само во Велика Британија.

Кога еден голем бренд како McDonald’s ќе се префрли на хартиени сламки, неговиот пример ќе го следат уште многу компании. Фабриката за производство на сламки ќе отвори 200 работни места до 2019 година, што е одлична можност за жителите на Велс.

Сподели!
- Advertisement -