Јата од птици-дроновина небото над Кина ќе бидат опремени со високотехнолошка технологија за надзор. Таканаречената програма за „птици шиони“, како што пишува South China Morning Post, веќе функционира во најмалку 5 провинции и на земјата и нуди уште понапредна надзорна мрежа.
Дроновите личат на гулаби и се развиени на Политехничкиот универзитет во провинцијата Шаанџи. Еден од истражувачите вклучени во проектот изјави дека оваа технологија уште е во рана фаза од развојот, пренесува The Independent.
Засега се користи мал број, но кинеските истражувачи веруваат дека оваа технологија има голем потенцијал за многу поширока примена во иднина и има некои уникатни предности за да ја задоволи побарувачката за дронови во војската и во цивилните сектори.
Секоја птица-дрон е опремена со GPS технологија, камера со висока дефиниција и систем за контрола на летањето кој се поврзува со сателити за да овозможи далечинска контрола. Дроновите имаат мал елекричен мотор кој овозможува движење на крилата, па животните на Земјата не прават разлика од вистинска птица.