Почна да функционира Рециклажниот центар на ЈП Комунална хигиена во Карпош

- Advertisement -

Градоначалникот Шилегов заедно со директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани, одржаа прес-конференција во рециклажниот двор на ЈП „Комунална хигиена“.

„Град Скопје работи на решавање на проблемот со загадувањето и во летниот период кога никој не ги чувствува последиците од загадениот воздух во Скопје. Еден по еден ги елиминираме причинителите за загадувањето во градот. На оваа локација повеќе нема дива депонија. Град Скопје преку  ЈП ’Комунална хигиена’ ја расчисти дивата депонија која подолг временски период беше една од причините за загадувањето во овој дел од градот. Во континуитет работиме на отстранување на причинителите за загадување на воздухот во Скопје“ изјави Шилегов.

- Advertisement -

Оваа зима во рамките на кампањата „Пријави оган на отворено“ на телефонскиот број 193 најголем дел од пријавите од граѓаните во Карпош се однесуваа токму на оваа депонија што сега е расчистена.

- Advertisement -

„На ова место од денеска ќе се врши селекција за рециклажа на отпадот. Ова е местото кое заедно со Момин поток беше снимано со дрон од граѓаните. Од денеска на оваа локација наместо дива депонија имаме рециклажен двор. Овде отпадот внимателно ќе се селектира и притоа еден дел ќе се  носи во Дрисла, а дел ќе се рециклира“ кажа Шилегов.

Тој додаде дека Градот го слуша гласот на граѓаните, а квалитетот на амбиенталниот воздух е предмет на грижа и во летниот период кога оваа тема не е во фокусот на вниманието на јавноста.

- Advertisement -

„Проблемот со загадувањето на воздухот се решава само со континуирана и непрекината работа во текот на целата година. Со скромни перформанси максимално работиме на подобрување на квалитетот на воздухот“ истакна Шилегов.

Шилегов ги повика граѓаните активно да се вклучат во борбата против загадувањето, да се  грижат за хигиената во градот и да се вклучат во сите активности што ќе придонесат за почисто Скопје.

Сподели!
- Advertisement -