Овој фластер се лепи во устата и ги лечи афтите

- Advertisement -

Состојбите како орален лихен планус и афтозен стоматит можат да предизвикаат настанување на болни рани внатре во устата кои тешко се лекуваат затоа што се работи за влажна средина. Сепак, сега има нова надеж во форма на посебен фластер кој содржи лекарства и се става директно на тие рани, пишува New Atlas.

Вообичаено, стотојбите кои предизвикуваат рани во устата се лекуваат со стероидни креми, масти или течности за испирање на стата. Проблемот со тие третмани е што кога ќе се нанесат, брзо се рашируваат во целата уста и имаат краткотраен контакт со раната. Како резултат на тоа, немаат голем терапевтски ефект.

- Advertisement -

Научници од Универзитетот Шефилд соработуваа со колеги од данската компанија Dermtreat A/S и го создадоа фластерот Rivelin. Фластерот е направен од полимерски нановлакна во кои е ставен стероидот клобетазол-17-пропионат. Флексибилниот фластер има нетоксичен биолепак на едната страна, а од другата има непропустлива мембрана. Така останува залепен за влажната внатрешност на устата и континуирано испушта лекови директно на раната, но не и во остатокот од устата.

Лабораториските тестови на 26 доброволци покажале дека м оже да стои залепен околу 2 часа, што е многу подолго отколку што делува која било крема. „Лепенките се многу ефективни бидејќи директно ја таргетираат заразената област и формираат заштитна бариера. Пациентите кои учестуваа во тестирањето рекоа дека фластерот не е неудобен и доста време стои на место“ вели одговорниот научник за проектот, Крег Мурдок.

Сподели!
- Advertisement -