ОН: Храната во светот поскапе за 3%

- Advertisement -

Организацијата за храна и земјоделство на ОН го објави својот индекс за цените на храната, Food Price Index, кој ги следи меѓународните цени на потрошувачката кошничка. Според тој индекс, цената на храната поскапела за 3% на глобално ниво од септември досега.

Индексот за цената на житарките Cereal Price Index се зголемил за 3,2% во октомври годинава во споредба со претходниот месец, додека цената на пченицата се покачила за 5% поради намалените приноси на најголемите извозници на пченица во светот како што се Русија, Канада и САД. Организацијата исто така забележала и покачени меѓународни цени на другите житарки.

- Advertisement -

Како што соопшти организацијата, и цените на растителните масла моментално се на највисоко ниво кога било и само во октомври се покачиле за 9,6%, после четири последователни месеци раст. Цените на млечните производи се зголемиле за 2,5% на глобално ниво, додека цените на месото паднале за 0,7%.

(Voa News)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -