UberBoat и годинава ќе биде достапен на хрватското приморје

- Advertisement -

Втора година по ред Uber во Хрватска за време на туристичката сезона ја активира услугата Uber Boat, која ќе може да се користи во Шибеник, Сплит, Дубровник и на островите и нивната околина. UberBoat ќе биде достапен преку две посебни услуги: трансфер до некои од островите и назад или како излети по желба кои се договараат директно до капетанот на бродот, пишува 24sata.

Како и минатата година, цената за трансфер за максимум 8 луѓе во еден правец изнесува околу 250 евра, во зависност од оддалеченоста на дестинацијата. Освен трансфер, апликацијата овозможува букирање излети, а корисниците преку апликацијата имаат на понуда неколку варијанти. На пример, можат да избираат од посета на Сината пештера или плажата Златен рог до обиколка на островите во Сплит или Елафитски Острови.

- Advertisement -

Предвидена е и дополнителна опција патување со пријателите која овозможува да го поделите трошокот со други сопатници. Сите глисери кои може да се букираат преку UberBoat примаат до 8 патници. Сите даватели на услуги се лиценрирани компании за повремен поморски превоз, чии капетани имаат важечки дозволи за комерцијален превоз.

„Туристи од повеќе од 40 националности минатото лето го користеа UberBOAT и направија најубави фотографии од нашиот брег, па така станаа и најдобри амбасадори на хрватскиот туризам. UberBOAT и годинава ќе им биде на располагање за да го доживеат својот најубав одмор и да продолжат да ја промовираат Хрватска“ истакна Давор Тремац, генерален директор на Uber за Југоисточна Европа.

Сподели!
- Advertisement -