Google ги ребрендира алатките за огласување, пристигнуваат Google Ads и Google Marketing

- Advertisement -

Google Adwords како бренд ќе згасне после 18 години работа бидејќи Google започна со ребрендирање на многу од имињата и акронимите на своите производи, пренесува Tech Crunch.

DoubleClick и Google Analytics 360 Suite ќе станат една платформа со заеднички назив Google Marketing, Google Ads има надградена верзија наменета специјално за мали и средни претпријатија, а за големите издавачи ќе биде наменета алатката Google Ad Manager. 

Транзицијата кон новите брендови би требало да започне во средината на јули. Иако повеќето промени се само во називот, Google планира да ја олесни употребата на сите свои производи со централизирање на технологиите за купувачите и продавачите под едно име.

- Advertisement -

„Иако примарно се работи за промена на името, но се однесува на насоката во која сакаме да се движиме со овие продукти.“, изјавил Сридар Рамасвами од Google.

Новата платформа Google Marketing, ќе ја воведе и услугата Display & Video 360 која ги обединува опциите DoubleClick Bid Manager, Campaign Manager, Studio and Audience Center.

- Advertisement -

Оваа темелна реконструкција на брендовите ќе вклучува згаснување на 18-годишниот бренд Google AdWords, кој сега ќе биде познат едноставно како Google Ads. Гигантот на дигиталниот свет со овој потег и со новата понуда има за цел подобро да ги искористи податоците од сопствените кампањи, но и од кампањите управувани од маркетерите на различни сервиси како што се Google Play, YouTube и веб страници на трети страни – со цел да се подобри насочувањето по клучни зборови во пребарувачот на Google.

Еден од новитетите е и Smart Campaigns, функционалност која на корисниците ќе им помогне да одберат што е посакуваниот исход од рекламите. Со едноставен избор понатаму Google преку вештачка интелигенција ќе приоритизира сè за посакуваното решение.

- Advertisement -

„Овие нови брендови ќе им помогнат на огласувачите и издавачите од сите големини да изберат вистинските решенија за нивното работење, што уште повеќе ќе им олесни да испорачаат вредни, сигурни реклами и вистински искуства за потрошувачите на сите уреди и канали.”, изјавил Рамасвами.

Сподели!
- Advertisement -