Успешно одржани основачките состаноци на работните групи и во Велес и Битола

- Advertisement -

На 28 јуни во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион во Велес, и на 29 јуни во Салата на Советот на Општина Битола, се одржaa по два состанока, во рамки на проектот „Креирање на поволен деловен амбиент и обезбедување подобра системска поддршка на претпријатијата во сопственост на жени“, финансиран од Европската Унија, кој Здружението на бизнис жени го спроведува како субгрантист во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (ЈЕСНетворк+)”.

Состаноците беа одржани со цел иницијално запознавање на членовите на работните групи и започнување на првична дискусија, за подобар прием на Стратегијата за развој на ЖП во РМ, за нејзино прифаќање и имплементирање. По одржаните вакви состаноци  во општините Ѓорче Петров, Кичево и Куманово, Велес и Битола беа преостанатите два града опфатени со проектот.

- Advertisement -

Првите состаноци беа основачки состаноци на меѓуресорните работни групи од Велес и Битола, со претставници од општината, институциите и локалните граѓански организации, а вторите состаноци се реализираа како работна средба со жени претприемачки од локалната бизнис заедница од двете општини, со амбициозни жени и девојки кои имаат сопствени бизниси, или имаат бизнис идеја и размислуваат за старт-ап, со желба да се вклучат, вмрежат и придонесат со своето присуство на состаноците.

- Advertisement -

Присутните претставници на институциите и граѓанските организации, и во Велес и во Битола, истакнаа дека се потребни состаноци од ваков вид и генерално, за подобра координација и соработка, со цел усогласување на активностите, посебно во поглед на родовата сензитивност и поддршка на женското претпримеништво. Девојките и жените, постоечки и потенцијални претприемачки, присутни на состаноците, истакнаа дека има недостаток од редовно информирање, со потреба од подобро поврзување со институциите, како и меѓусебно вмрежување, за да бидат поактивни и повеќе заинтересирани за вклучување кон претприемништво и развој на сопствените бизниси, но и воопшто за застапеност на жените на пазарот на трудот.

И во овие два града добивме квалитетни информации за  тековните состојби, препреки со кои се соочуваат, како и предлози и решенија за нивно надминување. Сите добиени податоци ќе бидат од корист при креирање на завршниот документ, како и при изработката на документот за политики, во рамки на проектот.Следниот месец, во сите 5 општини ќе се одржат завршни настани, за презентација на реализираните активности и добиените сознанија, преку споделување на изготвениот документ за политики со соодветни препораки до сите вклучени страни и доделување на Сертификатите за помината обука за родово буџетирање и Благодарници за поддршката при реализација на  проектните активности.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -