Српскиот главен град наскоро добива метро. Со планот за изградба се предвидени две метро линии и четири линии надземен воз кои ќе бидат интегрирани во еден систем.
Како што пренесува порталот BiznisInfo.ba, метрото ќе се гради во фази, а изградбата ќе почне во 2020 година.
„Нашата задача е до 2020 година да почнеме со изградба на метрото и ќе успееме во тоа“ изјави заменик-градоначалникот Горан Весиќ.
Планирано е поврзување на Лазаревац и Младеновац, како и проширување на возните линии до Сурчин и аеродромот. Во склоп на целиот систем ќе се прошируваат и трамвајските линии кон Земун и тоа преку централните подрачја на градот.
Проценетата вредност на првата метро линија изнесува 1,3 милијарда евра, а вкупната вредност на проектот е 4 милијарди евра.