Браната на надувување DamEasy го штити вашиот дом од поплави

- Advertisement -

Ова лето повеќе наликува на есен по количеството дождови кои наврнаа и на многу места предизвикаа излевање на реки, потоци и поплави. Во вакви моменти на многумина добро би бим дошло некое практично решение за заштита на домовите од надојдената вода.

Браните на надувување DamEasy се она што ви треба. Наместо да поставувате вреќи со песок или огромни гумени брани, DamEasy лесно се поставуваат на влезната врата. Се што треба да направите е со помош на клуч да ја проширите додека не се вклопи во вратата, а потоа со вградената пумпа да го напумпате внатрешниот дел додека стрелката на пумпата не дојде до зелениот дел.

- Advertisement -

Потоа го затворате вентилот за воздух. Можете дури и да поврзете неколку брани една со друга и да поставите заштитни панели на нив. Така добивате една бариера која ќе издржи силни води.

Сподели!
- Advertisement -