Футролa за телефон се отвора како воздушно перниче и го штити телефонот од кршење

- Advertisement -

Многумина ги фаќа паника кога телефонот им паѓа на земја од страв да не се скрши екранот. Затоа Филип Френцел, 25-годишен студент на Универзитетот Ален во Германија решил да направи производ кој ќе ги штити телефоните од оштетување. Тој својата иновација ја нарекол „мобилно воздушно перниче“, пишува FoxNews.

За да ја дизајнира оваа иновативна футрола му биле потребни четири години. Таа е опремена со сензори кои детектираат кога паѓа телефонот. Кога ќе се активираат сензорите, се отвораат по четири пружини на секој агол од двете страни на телефонот и спречуваат телефонот да удри на земја.

- Advertisement -

Кога ќе го подигнете телефонот, тие пружини можете да ги склопите во футролата. Оваа иновација е во фаза на одобрување . 25-годишниот студент по инженерство планира да го стави својот производ на платформата за групно финансирање Kickstarter во јули.

Сподели!
- Advertisement -