Македонија прва во регионот според квалитет на услугата

- Advertisement -

Според истражувањето на агенцијата „Хераклеа”, спроведено во соработка со агенциите за тајно купување во регионот, Македонија е на првата позиција во регионот според квалитетот на услугата.

Истражувањето за основните елементи на квалитетната услуга е спроведено од 15 мај до 15 јуни во Хрватска, БИХ, Црна Гора, Македонија, Словенија и во Србија. Ова е десетти пат како се спроведува ваков тип истражување.

- Advertisement -

Тајните купувачи посетиле 800 различни објекти, како што се салони за автомобили, банки, бензиски пумпи, малопродажни објекти, супермаркети, продажни места на телекомуникациските претпријатија, туристичко-угостителски објекти и услужни дејности.

Тие оценуваа пет елементи на добра и квалитетна услуга, како што се: поздрав, утврдување на потребите/желбите на купувачите, познавање на производите, нудење на дополнителен производ и благодарност за посетата, што одговара на акронимите од англискиот збор GUEST (great, understand, explain, suggest, thank).

- Advertisement -

Македонија оствари најдобри резултати, односно 78,96%. Словенија е на второто место со 75,6%, бидејќи бележи пад од 3,4 процентни бодови, а Србија со 74,7% е подобра за 1,33 процентни бодови од минатата година.

Земја која бележи напредок во неколку категории е БИХ со 56,9%, иако заедно со Црна Гора (70,6%), се наоѓаат под просекот за годинава, кој изнесува 71,34%.

- Advertisement -

Категоријата познавање на производот остварила најдобри вкупен резултат од 91,7% и сите земји оствариле еднакво добар резултат поголем од 90%, озвен Хрватска која остварила резултат од 87,6% и БИХ, која со резултат од 80,7% бележи напредок.

Во категоријата утврдување на потребите/желбите на купувачите Македонија се издвоила како водечка држава со 83%, а категорија во која сите држави оствариле најлоши резултати е нудење на дополнителен производ. Во оваа категорија прва е Словенија со 50%.

Според резултатите според активностите може да се заклучи дека најмногу се истакнале салоните за автомобили со резултат од 93,1%, но од „Хераклеа” истакнуваат дека и супермаркетите, како и претходната година, бележат напредок во нудењето услуги, а годинава нивниот резултат е 56,7%.

Сподели!
- Advertisement -