Најновиот модел од серијата Galaxy Note на Samsung ќе биде претставен на 9 август, потврдиja официјално од компанијата. Како што пренесува Tech Radar, настанот ќе се одржи во Бруклин, Њујорк, а ќе може да се следи и во живо, преку видео-стриминг на веб-страницата на компанијата или на YouTube.
Новите модели од оваа серија секогаш се дочекуваат со нетрпение од технолошките ентузијасти бидејќи станува збор за Android телефон со огромен екран и т.н. S Pen или пенкало со кое се управува телефонот.
Засега, познато е дека Galaxy Note 9 ќе биде со процесор Snapdragon 845, дисплеј со дијагонала 6.38 инчи и подобрена двојна камера. Најверојатно ќе видиме и значајни подобрувања во работата на S Pen. Таа претпоставка доаѓа од фактот што централна улога во видеото од поканата која Samsung ја испратиле за настанот, ја има иглата.
Познати се и димензиите на телефонот односно 161.9 x 76.3 x 8.8mm што значи дека ќе биде за нијанса пократок, но поширок од претходникот Galaxy Note.
Исто така, се очекува Galaxy Note 9 да биде со доста висока цена, особено поради фактот дека претходникот чинеше 929 долари во моментот на претставувањето, а и генерално, цените на паметните телефони значително се качија откако Apple го претстави iPhone X.