Научниците предупредуваат дека би можело да ги снема бананите

- Advertisement -

Научници детектирале габа која придонесува кон ширењето на т.н. панамска болест која ги напаѓа плантажите со банани ширум светот и предупредуваат дека доколку болеста ескалира, бананите би можеле целосно да исчезнат, пренесува N1.

Случаи на појава на болеста се забележани на плантажите во Австралија, Југоисточна Азија, како и делови на Африка и Блискиот Исток. Како една од превентивите според научниците, е да се направи генетски модифициран вид на банани која ќе биде отпорна на болеста.

- Advertisement -

Овој процес би требало да започне пред болеста да се рашири и во Латинска Америка од каде што се извезува најголемиот дел од бананите на светскиот пазар кој вреди околу 30 милијарда долари годишно.

„И покрај големата вредност на пазарот, научниците се загрижени дека би ги снемало бананите бидејќи билката најчесто се клонира, а ако болеста нападне и убие едно дрво, лесно би можела да се прошири и на останатите и потенцијално да убие цела индустрија.“, изјавил Гилад Гершон, извршен директор на компанијата Tropic Biosciences која се обидува преку генетски модификации да го реши проблемот.

- Advertisement -

Нивните прелиминарни резултати од истражувањата се ветувачки и се надеваат дека ќе можат да започнат со тестирање наскоро.

Сподели!
- Advertisement -