Air Help, меѓународен сервис познат по силното залагање за обесштетување на сите патници доколку нивните летови доцнат или се откажат, секоја година ги рангира најдобрите и најлошите авиокомпании и аеродроми на светот врз база на неколку фактори како дали летовите доцнат, каков е квалитетот на услугата и како се однесуваат по однос на тоа, како и колку брзо реагираат на приговорите на патниците.
Според нивната овогодинешна ранг листа, ова се најдобрите десет авиокомпании за годинава:
- Qatar Airways
- Lufthansa
- Etihad Airways
- Singapore Airlines
- South African Airlines
- Austrian Airlines
- Aegean Airlines
- Qantas
- Air Malta
- Virgin Atlantic
Најдобрите десет аеродроми пак, за годинава, се следните:
- Hamad International Airport, Доха, Катар
- Athens International Airport, Атина, Грција
- Tokyo Haneda International Airport, Токио, Јапонија
- Cologne Bonn Airport, Келн, Германија
- Singapore Changi Airport, Сингапур
- Nagoya Chubu Centrair Airport, Нагоја, Јапонија
- Viracopos International Airport, Кампинас, Бразил
- Amman Queen Alia Airport, Аман, Јордан
- Guararapes-Gilberto Freyre International Airport, Ресифи, Бразил
Како едни од најлошите аеродорми се посочени Paris Orly, како и London Stansted Airport. Од вкупно 141 аердором кои се вклучени на листата на Air Help, дури девет од десетте најлоши се европски аеродроми. За најлош аеродром годинава е прогласен Меѓународниот аеродром во Кувајт.
Целосната листа на рангирани авиокомпании и аеродроми може да се види на следниов линк.