Apple и понатаму ја држи позицијата највредна компанија во светот

- Advertisement -

Во текот на изминатата година технолошкиот сектор на глобално ниво забележа импресивни резултати. Токму затоа не е изненадување тоа што на првите 10 места на листата со најголеми компании во светот се наоѓаат токму технолошки компании.

Според листата Global Top 100 на Price Waterhouse Cooper, пазарната капитализација на 100-те најголеми компании во светот пораснала за 2.597 милијарди долари, односно за 15% во однос на годината претходно, пренесува Zimo.

Amazon е најуспешна компанија според апсолутниот пораст на пазарната капитализација, остварувајќи вредност од 278 милијарди долари или 66% повеќе во однос на 2017 година. Потоа следуваат две кинески компании: Tencent со пораст од 224 милијарди долари или 82% и Alibaba со пораст од 201 милијарди долари или 75%. Наредни на листата се американските компании Microsoft, Alphabet и Apple.

- Advertisement -

Меѓу годинашните бројки најзабележителен е порастот на вредноста на кинеските компании. Американските компании повеќе години го користеа својот глобален досег, финансиската моќ и способноста за креирање иновации за да се издигнат над остатокот од светот, меѓутоа Кина сега се потпира на големиот кинески пазар за да го преземе водството пред САД.

Apple и понатаму има најдобра стартна позиција кога станува збор за пазарната капитализација, и тоа 7 години по ред. Меѓутоа, неговата предност пред Alphabet, кој е на второ место, се намали за 25%. Исто така, Apple на своите акционери им исплати најмногу од сите останати компании – дополнителни 31 милијарди долари во форма на дивиденда и откуп на акции во календарската 2017 година.

- Advertisement -

Гледано по сектори, технологијата веќе трета година по ред предничи пред финансискиот сектор, додека стоката за широка потрошувачка (FMCG) е на трето место. Трите најголеми компании во светот – Apple, Alphabet, Microsoft – и понатаму се од технолошкиот свет, а ги следат Tencent и Facebook.

Во текот на годината Европа продолжи со постепеното закрепнување, при што бројот на европски компании меѓу првите 100 се зголеми само за една компанија – од 22 на 23 компании, со вкупен пораст од 331 милијарди долари на пазарната капитализација. Пазарната капитализација на компаниите од Кина, пак, во истиот период скокна за 57%, при што бројот на кинески компании меѓу првите 100 се зголеми од 10 на 12.

Сподели!
- Advertisement -