Во Албанија од денес забрана за пластичните кеси под 30 микрони

- Advertisement -

Од денес официјално стапи во сила одлуката на албанската влада за забрана на производство, трговија и употреба на пластични кеси послаби од 30 микрони.

„Од денеска е забрането рециклирање и користење на пластични кеси под 30 микрони. Отсега овој производ се смета за незаконски на територијата на Албанија. Затоа, во спроведувањето на оваа одлука, која e во рамките на нашата голема акција „Да ја исчистиме Албанија што ја сакаме”, потребна е заедничка ангажираност на надлежните, но и граѓаните.“, изјави министерот за животна средина и туризам  Бленди Клоси од заедничката средба со началниците на регионалните инспекторати за животна средина.

Тој го упати овој јавен повик до сите корисници, увозници и производители на кеси со помалку од 30 микрони дека од денеска ќе биде невозможно да се реализира оваа активност во Албанија.

- Advertisement -

За доследно почитување на одлуката, освен министертвото е вклучена и Управата за јавни приходи, кои ќе вршат строга контрола кај 70 регистрирани производителите на пластични кеси, трговците, увозниците, потрошувачите.

Сериозна и максимална ангажираност на средбата најави и генералната директорка на УЈП, Василика Бјеро.

- Advertisement -

И покрај најавата од пред неколку дена за стапување во сила на одлуката и апелите, пластичните кеси сепак беа во употреба.

Сподели!
- Advertisement -