Научници од МИТ открија начин како да се добие чиста вода од пареата што ја испуштаат фабричките оџаци

- Advertisement -

Многу голема количина од природните води на Земјата се користи за разладување на фабриките, а голем дел од таа вода се исфрла во атмосферата како пареа. Нов систем кој го креираа научници од МИТ може да ја претвори таа пареа во чиста вода за пиење.

Лидерот на тимот, доктор Махер Дамак и професорот Крипа Варанаси го развија системот кој е варијација на постојните мрежи за магла кои собираат капки вода од воздухот кој поминува низ нив. Тие собрани капки потоа се слеваат по мрежата и се собираат на дното, пренесува New Atlas.

- Advertisement -

Еден од проблемите со тие мрежи е тоа што воздухот природно лебди околу предметите кои ќе му се најдат на патот, како што е случај со жиците од кои се направени тие мрежи. Така капките влага поминуваат низ дупките на мрежите и како резултат на тоа ваквите мрежи собираат само 1% до 3% од влагата која ќе помине низ нив.

Новиот систем на МИТ не содржи таква мрежа туку еден апарат сличен на екран, каде што влажниот воздух го задржува зрак од јони пред да помине низ него. Со тоа капките влага стануваат наелектризирани и се привлечени од жиците во апаратот. Како резултат на привлекувањето, на екранот се задржува многу поголем процент од влагата.

- Advertisement -

Доколку системот се постави во разладните системи на фабриките, ќе може да собира чиста вода која ќе може да се користи за пиење или да се реупотреби за повторно разладување на истите фабрики.

Освен тоа, бидејќи крајбрежните фабрики се разладуваат со солена вода, овој систем може да биде алтернатива за конвенционалните фабрики за десалинизација на морската вода. Всушност, Варанаси проценува дека со овој систем на МИТ во текот на наредната деценија ќе се заменат дури 70% од фабриките за десалинизација. Се проценува дека оваа технологија може да залови дури 567,8 милиони литри годишно, односно 20% до 30% од пареата која се испушта од оџаците.

Сподели!
- Advertisement -