Кои се „најлудите“ градови во светот?

- Advertisement -

Сите кои сакаат да поминат незаборавни луди ноќи и забава сигурно ги интересира кој град ја носи титулата најлуд на светот според изборот на порталот MoveHub.com. Најлудиот град според овој избор е Манчестер. Тоа е резултат на истражувањњето спроведено во 112 градови од целиот свет. При истражувањето се земала предвид консумацијата на алкохол, марихуана, кокаин и бројот на ноќни клубови во однос на вкупната популација на градот.

Манчестер се покажал како „најзелен“ град со 2,3 тони канабис потрошени на 100.000 луѓе, а има и најголем број ноќни клубови наспрема бројот на жители – 818 клубови на секои 100.000 жители. На второ место се најде Вашингтон, а потоа следуваат Мајами, Сиетл и Сан Франциско. На шесто место е уште еден британски град – Лидс, на седмо е Денвер, на осмо Бостон, а на последните две места од топ 10 се Париз и Лион.

- Advertisement -

Од градовите од поранешна Југославија на списокот се најдоа Загреб и Љубљана, со тоа што хрватската престолнина е подобро котирана и се наоѓа на 62. место. Секој град добивал оценка од 0 до 3, каде што 0 означува целосно мирно опкружување, а 3 тотално лудило.

Сподели!
- Advertisement -