Lidl во Хрватска нема да продава пластика за еднократна употреба од 2019

- Advertisement -

Супермаркетот Lidl во Хрватска објави дека откако ќе ги распродаде веќе набавените количини на производи кои спаѓаа во пластика за еднократна употреба, повеќе нема да продава такви

Планирано е во текот на 2019 година целосно да ги исклучат од асортиманот артиклите од пластика за еднократна употреба.

„Lidl Хрватска во сите свои 95 маркети ширум земјава нема да продава пластика за еднократна употреба до крајот на 2019 година. Овде спаѓаат производите како пластични цевки за пиење, пластични чинии и чаши, прибор за храна и стапчиња со уши од пластика.“, изјавиле од ланецот маркети.

- Advertisement -

Овие производи постепено ќе ги заменуваат со алтернативни артикли од одржливи материјали кои ќе можат да се рециклираат, на чиј развој Lidl ќе соработува со своите добавувачи.

Од маркетите изјавиле дека се придржуваат до принципот „избегнувај, намали, рециклирај“ и на овој начин придонесуваат кој борбата против пластичниот отпад. Целта е, купувачите во маркетот да посегнуваат кон еколошки прифатливи алтернативи на производите на кои веќе се навикнати.

- Advertisement -

„Работиме на различни концепти на нови, алтернативни производи и планираме редовно да ги известуваме купувачите за промените. Постојат многу можности, посебно во секторот пакување каде исто така се обидуваме да развиеме алтернативно решение.“, изјавил Бојан Вуковиќ, член на Управниот оддел на Lidl во Хрватска.

Сподели!
- Advertisement -